Македонија
27. November 2015 - 19:18

Зошто специјалната обвинителка побара само пет случаи?

 

Забава за граѓаните или недостаток на капацитет. Експертите во дилема по одлуката на специјалната обвинителка Катица Јанева од Јавното обвинителство да побара само пет предмети поврзани со скандалот со незаконски прислушуваните материјали.
Откако обвинителката доби огромен тим и неверојатно висока сума на пари, во обвинителските кругови се отвора дилемата, зошто побара само 5 предмети а не сите триесетина одеднаш.

Обвинителите со кои контактираше Сител велат дека причината за тоа лежи во желбата на Јанева да биде присутна во медиумите секогаш кога ќе побара некој предмет. Токму затоа, според нив, таа се решила да ги бара на рати, што отвора дилема, што ќе работат 120 лица во специјалното обвинителство, особено ако се има предвид дека еден обвинител во основните обвинителства сам, месечно сработува по 30 до 40 предмети.

По серијата натписи во медиумите кои ја облекоа Јанева во партискиот дрес на СДСМ, експертите велат дека етапното барање на предметите е во функција на пропагандата на опозициската партија која во недостаток на идеи и програма, целата кампања ќе ја товари на грбот на специјалната обвинителка, која ќе треба во повеќе настапи во медиумите да одработи во корист на гарнитурата на Бихаќка.