Македонија
25. јуни 2017 - 16:51

Зошто не функционира регистарот на педофили во Македонија?

Многубројни реакции во јавноста предизвика колумната на Никола Шиндре активист на невладиниот сектор во која тој се обидува да ја оправада педофилијата. Во текстот насловен Сексуалноста над рационаланоста тој пишува:

Сексуално маргинализирана заедница се и педофилите, но, од политички причини, мејнстрим квир движењето ги напушти овие луѓе или барем не ги споменува толку често во дискурсот кој го промовира во јавноста. Како и да е, во ова четиво нема да ги разгледуваме нивните потреби и барања, бидејќи досега имало повеќе контроверзни дискусии на таа тема. Воедно, бидејќи тие се полнолетни и возрасни лица, „казните“ кои за нив ги избираат се повеќе од ужасни.

Детето тука не го третираат како сексуално суштество, тие секогаш се позагрижени тоа да не е силувано, да не е заведено, да не е малтретирано, да не е вклучено во детска порнографија. 

Ваквите ставови на Шиндре наидоа на осуда и од голем број јавни личности. меѓу оние кои јавно го искажаа својот став на социјалните мрежи е актерката Весна Петрушевска.

-Не знам како и не знам зошто ми исчезна постот од вчера , го нема !Да се чудиш ! Ама да повторам :ти кој релативизираш , флоскулно коментираш, ти кој за тебе педофилите се маргинализирани и имаат ужасни казни .... и немој случајно да ми кокетираш со ЛГБТ заедница оти сум ги поддржувала кога не си бил роден. Никола Шиндре ти дечко напиша текст, а порталон ти го објави ,текст чија содржина е згрозувачка, површна и навредувачка ! Ајде сега пак плачете по ФБ да ми тргнат пост, пишува Весна Петрушевска

Свој став на социјалните мрежи напиша и светски признатиот научник Горазд Росолија.

-Педофилите се или криминалци кои ја отслужиле казната или неосудени криминалци чие злодело останало неоткриено. Луѓето со педофилски пулсии се потенцијални криминалци кои можат да повредат дете. Можат да побараат третман или да направат злодело. Тие го прават изборот, не општеството. Основна обврска на секое општество е да ги заштити своите деца, највулнерабилната група во општеството, напиша  невропсихијатарот Росоклија.

Со сличен став е и психологот Мирјана Стојановска Јовановска.

Од своето лично искуство таа вели дека децата жртви на педофилија со години ги чувствуваат последиците од злоставувањето.

Поголеми казни за педофилите бараат и граѓаните. Сметаат дека секој кој извршил вакво кривично дело треба да бида најстрого санкциониран.

Со измените на Кривичниот законик од пред три години, Македонија стана првата земја од регионот која воведе хемиска кастарција за педофилите кои ќе го повторат делото.

 Согласно измените за кривично дело обљуба кај основниот облик на педофилија казната затвор е зголемена на 12 години, полово дејство врз детете кое нема наполнето 14 години се казнува од минимум 15 до максимум доживотен затвор. Законот предвидува и намалување на доживотниот затвор на 40 години ако сторителите се согласат на хемиска кастарција, односно лекови кои го намалуваат излачувањето на хормонот тестостерон. 

Но и покрај ваквите казни полициските билтен закојневно региститра вакви тешки кривични дела.