-->
-->
Зошто не е добро да јадете сами?
-->
Секако е позабавно да јадете во друштво, а едно најново истражување покажа дека дека исто така и поволно влијае на здравјето.
Луѓето кои јадат сами се изложени на поголем ризик од висок крвен притисок и покачен холестерол, покажа истражувањето.
Научниците итражувале која е поврзаноста меѓу осаменоста и здравствената состојба кај мажите и кај жените и откриле дека осамените мажи се изложени на поголем ризик.
Мажите кои секогаш јадат сами имаат за 45% поголеми шанси да развијат прекумерна дебелина, а ризикот кај жените бил на релативно исто ниво без разлика дали јаделе сами или не.
Можеби истражувањето на прв поглед делува неверојатно и смешно, но било спроведено бидејќи илјадници луѓе ширум светот живеат сами, што придонесува за развивање на чувстсво на осаменост и затоа се наклонети кон правење лоши избори кога бираат што ќе јадат.
Ваквите резултати до некаде имаат смисла бидејќи многу луѓе ги фаќа мрза да готват само за себе, па најчесто купуваат нешто да јадат на брзина.
Научниците анализирале 7.725 возрасни испитаници и следеле колку често јадат сами, а потоа ги споредиле тие податоци со нивната здравствена состојба.
Покрај повисокиот ризик од прекумерна дебелина, мажите кои јадат сами имаат и за 64% повисок ризик од развој на метаболички синдром.
Кај жените не биле забележани значителни промени кај испитаничките кои јаделе сами најмалку два пати дневно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација