Џет-Сет
22. February 2017 - 19:35

Зорица се сети на детството: Толку бев сиромашна што едно јајце делев со сестрите и братот

Пејачката Зорица Брунцлик во младоста живеела во беда. Таа со мајка и, сестрите и братот едвај преживувале. Зорица откри колку нејзината мајка се мачела за да ги прехрани своите деца.

-Бевме многу сиромашни, дури премногу. Мојот дедо растел во богатство. Имал се што може да посака, но се му одзеле по војната. Родителите ми се разведоа кога имав две години. Мајка ми се мачеше да не прехрани. Се сеќавам дека едно јајце ни го делеше на четворицата. Секогаш се прашував како тоа нејзиото јајце изгледа полно во чинијата. Тогаш ми објасни дека става брашно и сода бикарбона. Само тоа јадевме, а го јадевме со леб. Не постои ништо поради што би сакала да се присетам на тој период, што не значи дека се срамам од него, вели Зорица. Таа објасни како ја заработила првата плата.

Foto: Damir Dervišagić

-Со мајка ми отидов во најновата стоковна куча и за сите пари купивме храна, па си дојдовме дома со две преполни такси возила. Наместивме маса како за на слава, на кој ставивме се што донесовме, и толку се прејадовме што три дена имавме пролив. Кога дојдов до повеќе пари и направив на мајка ми и на родениот брат Љубивое куќи, рече Зорица.