Македонија
23. February 2017 - 16:14

Зоран Заев отиде над Уставот, го прогласи албанскиот јазик за втор службен во Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Сараево најави дека ги има потребните потписи за состав на новата влада, откако ДУИ синоќа според него донела одлука за тоа.

Паралелно пак, портпаролот на ДУИ, Бујар Османи од Скопје го објаснуваше постигнатиот договор за законот за јазици.

Заев од Сараево, толкувајќи го членот од амандманот 5 од Уставот, го прогласи за официјален и албанскиот јазик.

Сепак, слободната интерпретација на Заев на Уставот, е прашање кое дополнително ќе отвори оспорувања и неговувања кај македонскиот политички блок. Уставните ексерти велат дека ваквите паушални толкувања на подолг рок можат да предизвикаат дополнителни проблеми, особено што Албанскиот јазик воопшто и не се споменува во Уставот

Инаку Заев од Сараево најави декаљ врз основа на договорот со ДУИ новата влада ќе се гласа во март.

- Сега се веќе обезбедени потписите за давањето на мандатот. Верувам дека остануваат мал дел од преговорите околу формирањето влада, заради тоа што најзначајните прашања, а тоа се идната владина програма, платформата на социјалдемократите, платформата на албанските политички партии, законот за употреба на јазиците се усогласени, изјави Заев, кој денеска во Сараево е на доделување на наградата за најдобар градоначалник. 

ДУИ пак синоќа на седницата на претседателството го усвоила усогласениот текст околу законот за јазиците. Сепак, во ДУИ велат дека одлуката за доделување потписи за мандат не е донесена.

Портпаролот Бујар Осми вели дека затворањето на прашањето за употребата на јазиците е суштинско прашање, кое според него ќе затвори една периот од меѓуетничките прашања во Македонија.

Османи смета дека договорот за јазиците е во рамки на Уставот, иако  тврди дека Албанскиот јазик ќе с еупотребува во сите органи на државната власт.

Останатите прашања од платформата на албанските партии, грбот, знамето, химната се прашања за кои ќе се разговара на ниво на етнички заедници, односно ќе се бара согласност за двотретиска поддршка.