Македонија
12. February 2016 - 13:31

Зоран Заев најави, а Јанева денес настапи со политичка прес-конференција

 
Политичка и полна со пристрасност прес-конференција одржа денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на која ја  најави првата акција под името „Титаник“, за како што рече, дела поврзани со изборите. Во ретко виден несигурен настап, кој не доликува на орган на прогонот, Јанева не успеа ниту точно да го прочита тоа што и беше напишано.
12 Февруари 201612:21  
janeva-sjo
Најотворено и безрезервно СЈО и Катица Јанева денеска ја покажаа пристрасноста на дело и воедно ги потврди пишувања на дел од медиумите дека таа и опозицискиот лидер имаат заеднички мастерплан за дејствување, односно токму Јанева е главниот адут на Заев на предвремените парламентарни избори.
 
Во стилот на Заев, Јанева денеска на политичката прес-конференција рече дека правдата ќе победела, а за тоа ја охрабрувала и поддршката од меѓународната заедница.
 
-Зарем некој може да биде рамнодушен како го чита извештајот од Прибе од 2015 година особено во дел кој се зборува за притисокот во Јавното обвинителство и судството, рече Јанева.
 
Во ретко виден несигурен настап, кој не доликува на орган на прогонот, Јанева не успеа ниту точно да го прочита тоа што и беше напишано.
 
Ваквата прес-конференција на Јанева доаѓа по само неколку дена откако Зоран Заев ги обзнани следните чекори на СЈО и нарачките кои Јанева треба да ги спроведе по негова нарачка Заев.
 
-Не само што има формирано Специјално обвинителство, тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти и дај Боже и притвори за овие криминалци што ја водат државата, рече Заев.
 
Опозицискиот лидер очекува Катица Јанева да му биде ударна тупаница и директно да му помогне на СДСМ за изборите.
 
-Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова Специјално обвинителство, е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите, рече Заев во Капиштец.
 
Гневот на Заев по катастрофалниот настап на Сител, резултираше со уште една покатастрофална прес-конференција. Наместо да одговори на прашања зошто лажела за становите, Јанева избега од новинарските прашања и ги остави своите соработнички.
 
Во својот кус и несигурен настап, Јанева настапи со политички квалификации и го нападна Советот на јавни обвинители, орган кој е задолжен да врши контрола на нејзината работа. Со тоа Катица Јанева покажа класично непочитување на Уставот и законите на Република Македонија поставувајќи се над нив и си додели права кои ги нема никој во оваа земја.
 
Јанева најави дека поднеле барање за отворање на истрага, а опозициската телевизија Телма веќе објави и имиња, односно дека утрово бил приведен градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, што е класично кршење на пресумпцијата на невиност, чин кој вопшто не беше осуден од СЈО.