Македонија
13. October 2017 - 11:44

Зоран Димов претседател на Комората на извршители

Извршителот Зоран Димов, именуван за подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Скопје 2 Скопје, е нов претседател на Комората на извршители на Република Македонија (КИРМ).
 
Од Комората информираат дека Димов е избран за претседател на вонредно Собрание на КИРМ, одржано на 10-ти овој месец.
 
Досегашниот претседател на Комората Зоран Петрески во август годинава поднесе оставка од функцијата од лични причини.