Спорт плус
25. February 2018 - 11:51

ЗОИ: Златен медал за хокеарите на Русија

Сепак се слушна руската химна на ЗОИ во Пјонгчанг откако хокеарите на Русија го освоија златниот медал со победата во продолжение над Германија од 4-3.
Русија настапува под олимписко знаме но играчите и навивачите за време на интонирањето на олимписката химна ја пееја химната на својата земја а нивниот коментар беше дека го искористиле правото за „слобода на говорот“.