Спорт плус
23. February 2018 - 11:04

ЗОИ: Русија прв финалист на хокеарскиот турнир

 
 
Селекцијата на Русија е првиот финалист на олимпискиот хокеарски турнир во Пјонгчанг. 
 
Русите кои на оваа Олимпијада настапуваат под знамето на Олимпискиот комитет, го добија првиот полуфинален меч, совладувајќи го големиот ривал Чешка 3-0. 
 
Со тоа по пауза од 20 години Русите ќе имаат можност да се борат за златниот медал. 
 
Кој ќе биде нивни противник во финалниот меч, ќе се знае по одигрувањето на вториот полуфинален дуел во кој Канада за противник ќе ја има Германија