Loading Video...
Спорт плус
20. February 2018 - 16:54

ЗОИ: Норвешка, Германија и Канада со најмногу медали по единаесеттиот ден

Французинот, Мартин Фуркад го освои и третиот златен медал на Олимпијадата во Пјонгчанг. Фуркад беше последната четврта измена во комбинираната штафета на  Франција која победи во биатлонската трката на мешани штафети. Триколорите остварија резултат (1:08:34.3 час), за 20.секунди и 9.стотинки подобар од фаворизираните Норвежани кои беа шампиони пред четири години во Сочи. Со заостанување од 26,9 секунди зад новите шампиони на третото место заврши штафетата на Италијанците. За Фуркада тоа е вкупно петто злато од Олимпијадите на кои има и два сребрени медали. 
 
Канадската двојка Теса Вирту и Скот Морис го освоија златниот медал во Уметничко лизгање, слободна програма. Канаѓаните добија највисоки оценки од судиите за својата изведба и сосема заслужено стигнаа до своето второ олимписко злато на Зимските олимпијади, откако беа шампиони во Ванкувер пред осум години, а пред четири во Сочи го освоија сребрениот медал. 
 
Канада се радуваше на уште едно злато, и тоа во дисциплината „халфпајп“ слободен стил кај дамите триумфираше за жени во ски-слободни стил во која највисоки оценки за своите изведби доби 25-годишната Кеси Шарп 
 
Тројна победа на Германците во нордиска комбинација. Јохансе Ридзек, Фабијан Рајсл и Ерик Френцел им донесоа голема радост на Германците, освојувајќи ги првите три места, а со тоа и медалите, во нордиска комбинација, по настапите во ски-скокови и трката на 10.км крос-кантри. 
 
Голема радост на домашната публика и донесе женскиот тим во брзо лизгање на кратки патеки. Штафетата на Кореја беше најбрза во трката на 3.000 метри, освојувајќи го златниот медал пред селекцијата на Италија, со што ја одбранија титулата од Сочи од пред четири години.
Најинтересно беше во борба за бронзениот медал во која Кина и Канада беа дисквалификувани по што Холандија со време од нов светски рекорд ја освои бронзата.
 
На машкиот хокеарски турнир, се одиграа плејоф натпреварите место во четвртфиналето.  Норвешка со 2-1 ја победи Словенија, селекцијата на САД беше убедлива против Словачка со 5-1,  како и Финска која со 5-2 го совлада домаќинот Кореја. Најнеизвесниот меч го одиграа  Германија и Швајцарија, а заврши со победа на Германците со 2-1 по продолжението, со што тие ќе бидат противник на Шведска во борбата за полуфиналето. Преостанатите двојки во четвртфиналната рунда се, Канада – Финска, Чешка – САД и Русија – Норвешка.
 
По единаесеттиот ден, најуспешна нација е Норвешка со вкупно  29 освоени медали од кои 11 златни. Исто толку злата има и Германија, но вкупно 23 медали, додека трета на листата на освојувачи на медали е Канада со вкупно 19 медали од кои осум најсјајни одличја.