Спорт плус
13. February 2018 - 15:44

ЗОИ: Холандска доминација во брзо лизгање

И на ЗОИ во Пјонгчанг продолжува доминацијата на претставниците на Холандија во брзо лизгање. 

Најновото злато го освои Кјелд Нејс во дисциплината брзо лизгање на 1500 метри. 
Ова е четврто злато на игрите за Холандија а Нејс триумфираше со време 1 мин. 44 сек. и 01 стотинки пред својот сонародник Патрик Руст кој беше побавен за 0.85 секунди додека бронзениот медал го освои домашниот натпреварувач Ким Мин-Сеок.