Спорт плус
14. February 2018 - 11:13

ЗОИ 2018: Злато за Американецот Шон Вајт во сноуборд - халф пајп

Американскиот олимписки тим освои уште еден златен олимписки медал на Игрите во Пјонгчанг откако денеска Шон Вајт беше најуспешен во дисциплината сноуборд - халф пајп. Тој освои 97.75 поени, или 2,5 повеќе (95.25)  од второпласираниот Аиуми Хирано од Јапонија. Јапонецот го повтори резултатот од Сочи пред четири години кога исто освои сребрен медал. 
Бронзата му припадна на Скоти Џејмс од Австралија кој освои 92.00 поени.