Спорт плус
21. February 2018 - 15:35

ЗОИ 2018: Познати двојките за 1/2 финалето на машкиот хокеарски турнир

На машкиот хокеарски турнири, познати се полуфиналните двојки. 
 
Селекцијата на Чешка направи големо изненадување во 1/4.финалето елиминирајќи ги фаворизираните Американци по пенал рулетот, откако регуларниот дел заврши нерешено 1-1. 
 
Чесите во полуфиналето ќе играат против селекцијата на Русија која со убедливи 6-1 ја победи Норвешка . 
 
Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат Канада и Германија, 
 
Канаѓаните во четвртфиналната рунда беа подобри од Финска минимално со 1-0, а по голема борба и во продолжението Германија со 4-3 ја победи Шведска.