Loading Video...
Спорт плус
21. February 2018 - 17:51

ЗОИ 2018: Освојувачи на медали на 12-ден

 
 
Италијанската скијачка Софија Гоџа освои златен медал на Олимписките игри во Пјонгчанг откако денеска беше најбрза на спуст патеката. До златото, Гоџа стогна за 9 стотинки побрзо од второпласираната Рагнхилд Мовинкел од Норвешка, односно топ фаворитката Американката, Линдзи Вон која мораше да се задоволи со бронзата За Италија ова е прво злато во спуст во женска конкуренција.
 
Во нордиските дисциплини. Денеска актуелни беа тимските натпреварувања во крос-кантри во двете конкуренции.
Кај машите златниот медал и припадна на Норвешка, која настапи во состав Мартин Сундби и Јоханес Клаебо за кој ова е втор златен медал на олимпијадата. Среброто и бронзата им припаднаа на Русија и Франција. 
 
Американките, Кикан Рандал и Џесика Дигинс направија изненадување во женска конкуренција, освојувајќи го златото, а пред фаворизираните тимови на Шведска и Норвешка. Во норвешкиот тим настапи Марит Бјорген најсупешната натпреварувачка на зимските олимпијади на сите времиња која има рекордни 14 медали (7 златни, 4 сребрени и 3 бронзени), со тоа минувајќи го на вечната листа сонародникот Оле Еинар Бјорндален кој на биатлонските олимписки трки има освоено вкупно 13 медали (8 златни). Бјорген кој веќе има четири медали во Пјонгчанг во недела ќе има можност за уште еден и тоа во трката на 30 километри.
 
Канаѓанецот, Брејди Леман се закити со златото во слободно скијање во дисциплината ски-крос. Леман кому пред четири години во Сочи му избега медал и заврши како четврто рангиран, денеска беше најснаодлив и најбрз во финалната трка која изобилуваше со интересни моменти, па на крајот успеа да ја заврши истата како прво пласиран 
 
Во дисциплината „пурсуит“ брзо лизгање беа поделени медали во двете конкуренции. 
Со време на нов олимписки рекорд (2:53,89) селекцијата на Јапонија го освои златниот медал, добивајќи го директниот дуел во финалето со Холандија која мораше да се задоволи со среброто. Американките во малото финале, односно дуелот за третото место беа подобри од Канаѓанките за само 45.стотинки и го освоија бронзениот медал.
 
На разочарување на домашната публика олимписки шампион во машка конкуренција во оваа дисциплина станаа Норвежаните кои во финалната пресметка беа побрзи од  селекцијата на Кореја за 80.стотинки. Бронзата им припадна на лизгачите од Нов Зеланд кои во малото финале беа подобри од Холанѓаните.  
 
Мариама Јаманка и Лиса Буквиц се закитија со златото во боб двосед во женска конкуренција. Германките имаа за само 7.стотинки побрзо вкупно време  од Американките, Елена Мајерс Тејлор и Лорен Гибс. 
Бронзата отпатува за Канада на градите на Каичл Хамфраијс и Филиција Џорџи. 
 
На хокеарските турнири. Кај дамите, бронзениот медал го освои Финска која со 3-2 ја совлада Русија, додека утре за златото ќе се борат Канада и САД.
 
На машкиот турнир. Селекцијата на Чешка направи големо изненадување во 1/4.финалето елиминирајќи ги фаворизираните Американци по пенал рулетот, откако регуларниот дел заврши нерешено 1-1. 
Чесите во полуфиналето ќе играат против селекцијата на Русија која со убедливи 6-1 ја победи Норвешка . 
 
Вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат Канада и Германија, Канаѓаните во четвртфиналната рунда беа подобри од Финска минимално со 1-0, а по голема борба и во продолжението Германија со 4-3 ја победи Шведска.