Спорт плус
13. February 2018 - 7:20

ЗОИ 2018: Нов американски триумф во сноуборд

Спортистите од САД освоија уште едно злато на Игрите во Пјонгчанг во сноуборд. На стартот на четвртиот натпреварувачки ден во дисциплината халфпајп кај жените најуспешна беше 17-годишната Члое Ким, која освои 98.25 поени.
Среброто и припадна на Џиају Лиу од Кина, која освои 89.75 поени, а бронзата ја освои Американката Ејриел Голд  со 85.75 поени.
Новата олимписка шампионка е двократна освојувачка на злетен медал на Олимписките игри за млади одржани 2016 година во Лилехамер.
Натпреварите во снбоуборд се одржаа во „Феникс сноу парк“.