Спорт плус
13. February 2018 - 8:20

ЗОИ 2018: Хиршер победник во алпска комбинација

Австрискиот скијач Марсел Хиршер го освои првиот олимписки медал во Пјонгчанг во алпските дисциплини.
Воедно ова за него е и прв златен медал на Олимписките игри. Очекувано Хиршер беше најдобар во слаломот откако по првата трка во спуст беше пласиран на 12.место. Тој имаше време од 2:06.52 минути.   
Место на подиумот изборија уште француските скијачи Алексис Пинтуро и Виктор Муфа-Жанде. Пинтуро имаше трето време во слаломската трка, додека вистинско изненадување направи Муфа-Жанде, кој беше пласиран на 29.место по спуст трката, а во слаломот беше втор и стигна до бронзениот медал. Пинтуро имаше заостанување од 23 стотинки, а Муфа- Жанде 1.02 секунда.
Ова е прв златен медал за Австрија во алпска комбинација по пауза од 20 години.