Спорт плус
14. February 2018 - 11:29

ЗОИ 2018: Френцел го одбрани златниот медал во нордиска комбинација

Германскиот олимпиец Ерик Френцел го одбрани златниот медал во нордиска комбинација (скокови и крос кантри 10 км.) освоен пред четири години во Сочи. Тој воедно е најдобриот во оваа дисциплина во Светскиот откако последните пет сезони завршува на првата позиција. По трката во крос кантри Френцел имаше време 24:51.4 минути.
Второто место му припадна на Јапонецот Акито Ватабе, кој имаше +4.8 секунди заостанување зад победникот.
На третата позиција се пласира Лукас Клапфер од Австрија со резултат 25:09.5 минути.
По натпреварите во скокови (прв дел) лидер беше Франц - Јозеф Рехл од Австрија, кој имаше скок со должина од 112 метри и 130.6 поени.Тој натпреварувањето го заврши на 13.место.
 Френцел беше петтопласиран со 106.5 метри скок, додека Ватабе беше третопласиран со скок со должина 105.5 метри.