Спорт плус
21. February 2018 - 7:37

ЗОИ 2018: Чешка по изведување пенали во полуфиналето на хокеарскиот турнир

Репрезентацијата на Чешка во хокеј на мраз по изведувањето на пенали успеа да постигнe победа над САД (3:2 - 2:2) и да се пласира во полуфиналето на хокеарскиот турнир.
Во регуларниот дел дуелот заврши 2:2, а немаше победник и по продолжението. Голот за победа во серијата пенали го постигна Кукал (втората серија).
Чешка во полуфиналето ќе игра со победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Русија и Норвешка. 
Во другите два четвртфинални дуела денеска ќе играат: Канада - Финска и Шведска - Германија.