Спорт плус
22. February 2018 - 11:27

ЗОИ 2018: Американките ја прекинаа доминацијата на канадските хокеарки

Светскиот шампион САД го победи бранителот на титулата Канада со 3:2 на  пенали откако регуларниот дел од олимиското финале заврши нерешено 2:2
 
Канаѓанките, кои победија на последните четири Олимписки игри, од кои три против Американките, беа во серија од 24 последователни победи во ЗОИ.
 
Двата тима се состанаа во групната фаза, а тогаш победи Канада со 2:1.
 
Бронзата ја освои Финска која вчера беше подобра од Русија.