Спорт плус
21. February 2018 - 14:04

ЗОИ 2018: Американките ја изненадија кокуренцијата

Американките, Кикан Рандал и Џесика Дигинс направија изненадување во женска конкуренција, освојувајќи го златото, а пред фаворизираните тимови на Шведска и Норвешка.

 

Во норвешкиот тим настапи Марит Бјорген најсупешната натпреварувачка на зимските олимпијади на сите времиња која има рекордни 14 медали (7 златни, 4 сребрени и 3 бронзени), со тоа минувајќи го на вечната листа сонародникот Оле Еинар Бјорндален кој на биатлонските олимписки трки има освоено вкупно 13 медали (8 златни).

Бјорген кој веќе има четири медали во Пјонгчанг во недела ќе има можност за уште еден и тоа во трката на 30 километри.