Спорт плус
23. February 2018 - 11:01

ЗОИ: 15-годишната Загитова најмладата носителка на злато во Пјонгчанг

15-годишната  Русинка, Алина Загитова го освои златниот медал во убетничко лизгање слободна програма. Таа стана најмладата носителка на злато на Олимпијадата, а воедно и на својата земја и го донесе првиот златен медал во Пјонгчанг.
 
Сепак Загитова не е најмладата носителка на злато во историјата на зимските олимпијади. Тој примат и припаѓа на Кореанката Ким Јун Ми која во 1994 година освои злато во брзо лизгање на возраст од 13 години и 85 дена. 
 
Добриот настап на Русинките го надополни Евгенија Медведева освојувајќи го сребрениот медал.
 
Третото место и бронзениот медал се за Кетлин Осмонд од Канада.