Ракомет
23. January 2018 - 18:24

Знае ли спонзорот на Кире нешто што не знаеме ние?

Компанијата за спортска опрема „Хумел“ каде што Кире Лазаров е заштитно лице ја соопшти информацијата околу тоа дали Кире Лазаров ќе игра на денешниот натпревар против Чешка или не.

Според она што е објавено на профилите на Хумел на социјалните мрежи, Лазаров денеска нема да може да им помогне на своите колеги туку ќе биде поддршка за нив од клупата. Веќе е јасно дека Кире Лазаров ќе биде во составот против Чесите, но сè поизвесно е дека нема да може да игра.

Повредата која што Лазаров ја доби на дуелот против Шпанија е од посериозен карактер, па ќе мора и денеска да одмори. Останува неизвесно дали ќе може евентуално утре против Данска да биде дел од оние ракометари коишто ќе играат на теренот.

Средбата против Чешка почнува од 20:30 часот, а сите се надеваат и понатаму дека Лазаров ќе може барем во еден дел од мечот да им помогне на своите колеги.\