Македонија
20. September 2016 - 18:49

Значителна промена на времето - Еве што не очекува наредниве денови

Од утре под влијание на посвежа воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и свежо.

Утре ќе биде променливо облачно и свежо со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, каде ќе достигнува брзина и над 50 км/час. Дневната температура ќе се движи од 15 до 26 степени.

И задутре ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.