Живот
16. January 2017 - 9:38

Змија влезе во домот на тарантула: Она што се случи ги фасцинира научниците

Кога научниците во јужен Бразил превртеле еден камен барајќи тарантули, налетале на нешто што не очекувале, пајак кој јаде змија. Возрасна женка на тарантула, чие латинско име е Grammostola quirogai, џвакала змија долга 39 сантиметри. Тоа е првпат да се види таранатула со змија како плен во дивина.

Иако и претходно се забележани случаи во кои пајаци се хранат со змии фатени во пајакова мрежа, најновиот пример сепак ги изненади научниците зошто тарантулите своите жртви не ги ловат во мрежа.

Сепак како пајакот ја уловил змијата? Научниците претпоставуваат дека барајќи засолниште, змијата залутала под погрешен камен, каде се наоѓал пајак кој исто така сосема неочекувано добил прилично голем оброк.

Foto: Profimedia/Caters News

Освен што се отровни, некои тарантули имаат и заби до 2 сантиметри, доволно остри за да совладаат и ваков плен.

Не е ништо вообичаено пајаците да ловат змии, како што прави познатата Црна вдовица, која има силен отров и се потпира на мрежата, но според зборовите на Леандр Малта Борхес, од Универзитетот Света Марија од Бразил, тарантулите не плетат мрежа за да го фатат пленот.

Некои грамстола тарантули се навикнати да јадат змии во заточеништво, но таквото однесување не е видено во дивина.

Погледнете го видеото: