Живот
22. August 2017 - 12:47

Змија им ја изела мачката па им се скрила под креветот во детската соба - еве како се справија со неа

Танапун Лекјен (42) од Филипини останала во шок кога сфатила дека питон долг три метри ја изел нејзината мачка, а потоа се скрил во детската соба под кревет.

Жената тврди дека питонот најверојатно влегол во куќата низ прозорец уште минатиот четврток. Среќа во несреќа е што нејзиниот син (13) таа вечер од умор заспал во нејзиниот кревет. Танапун забележала дека нешто чудно има под неговиот кревет, а кога ѕирнала под душекот ја видела змијата како се одмара по оброкот.

Жената веднаш ги повикала надлежните кои дошле и ја изнеле надвор опасната змија.