Македонија
12. April 2017 - 14:01

Злоупотреби во МВР, командир допишувал часови прекувремена работа

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С.В.(44), командир на ПС за ГП и ГН Деве Баир поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
 
Во текот на 2014, 2015 и март 2016 година пријавениот, спротивно на одредбите од Упатството за начинот на евидентирање на реализирани часови на прекувремена работа, издал и потпишал 67 наредби за работа подолга од полното работно време на 30 полициски службеници од ПС за ГК и ГН Деве Баир, со што го оштетил Буџетот на Министерството за внатрешни работи за износ од 112.810 денари.