Македонија
28. February 2018 - 16:11

Злоупотреба на буџетски средства - антикорупционерите со лажни налози наплаќале патни трошоци

Антикорупционерите си делеле патни трошоци со лажни патни налози, во ист ден земале пари за присуство на седница во комисјата, но и за патување во странство. Внатрешниот ревизорски извештај за 2016 година кој за ДКСК согласно претходно склучен договор го направила УЈП покажал дека членовите на комисијата не оделе редовно на работа. Иако се редовно вработени, тие доаѓале само на седница. Им се исплаќале пари и за користење на сопствено возило во денови кога доаѓале на закажана седница.

Контролата која ја направила УЈП покажала дека на патните налози освен прикачените патарини немало ниту потпис на подносителот ниту пак биле пополнети. Претседателот на антикорупциска го потврди извештајот.

Тантуровски не откри кои се препораките во извештајот, но тврди дека веќе неколку месеци не ги потпшишува патните налози.

Ревизорскиот извештај покажал дека покрај што биле поднесувани неверодостојни налози била впишувана и лажна километража, па така членовите на сметка на државниот буџет добивале повеќе пари за помалку поминати километри.

ДКСК сега ќе мора да направи ревоизија на целоснот работење, а на барање на УЈП ќе мора да постави и електронски систем за евиденција на работното време. Дали ќе биде покрената постапка за некој од членовите засега немаат одговор во комисијата.