Живот
24. April 2017 - 16:37

Злосторство што го шокираше светот: Го одрал својот внук (4), му ги јадел органите и му пиел од крвта

Малечкиот Камве Нгала (4) родениот вујко го грабнал од игралиште, му ја одрал кожата и му го јадел срцето и пиел од крвта како дел од ритуал.

Камве си играл со другарите од селото, но веќе се стемнило и сите деца отишле дома, освен тој.

Неговата баба Нонтутезело Гвања (70) тргнала да го бара и прво ја алармирала својата сестра, а таа веднаш и рекала дека во исчезнувањето на детето вмешан е нејзиниот син Мадиси (30), за кој се сомневала дека припаѓа на некоја сатанистичка вуду секта и не му верувала.

Мандиси неодамна излегол во затвор каде бил на робија поради убиство.

 

View image on Twitter
 

Нонтутезело во два часот наутро му затропла на внукот на врата, а кога тој не сакал да ја пушти внатре, на сила ја отворила вратата. Врисоците на несреќната баба ги кренале на нозе цело село и луѓето веднаш дотрчале.

-Мислев дека внатре заклал свиња, толку многу крв имаше на секаде, а потоа го видов рачето на мојот внук и парчиња месо. Ми призна дека го јадел. Мојот внук на заслужи така да умре, посебно не од раката на член на семејството, кој требаше да го сака и чува, им раскажа несреќната жена на новинарите. Набрзо стигнале полицајците кои го уапсиле злосторникот и ја отвориле куќата, па соседите го виделе ужасното злосторство. Кожата на детето била пресечена на два дела и фрлена на подот, а во сад биле парчиња од мозокот на детето.

„Делови од телото на Камве лежеле по подот. Изгледало како ритуал на жртвување на коза. Телото внимателно било одрано, како и главата која била одвоена од телото. Раскажал дека пиел од крвта на КЛамве и му го јадел срцето и мозокот. Черепот бил шуплив, очите извадени. Во еден сад бил ставен црниот дроб на детето и едната рака, вели член од семејството.

„Луѓето се надвор од контрола кога се дрогирани. Она што го видовме во таа колиба засекогаш ќе не прогонува, вели еден од селските старешини.