Спорт плус
12. February 2017 - 13:47

Златото во спуст за Словенката Стухец

Словенечката скијачка Илка Стухец е победничка на спустот што денеска се возеше во Сент Морц во рамките на Светското првенство во алпско скијање. Таа спуст патеката ја мина за 1:32.85 минута. Ова за неа е прв медал (златен) од Светските првенства, а вкупно шеста победа бидејќи има и пет први места во Светскиот куп.
Второто место и среброто и припадна на Стефани Вениер од Австрија која имаше заостанување од 40 стотинки, додека третопласирана заврши Американката Линдзи Вон со пет стотинки послабо време од Вениер. Вон го освои бронзениот медал.
Во тек во Сент Мориц е машкиот спуст.