Спорт плус
27. August 2015 - 15:01

Златото на 200 метри за Болт

Светскиот рекордер Јусеин Болт освои златен медал на престижната трка од 200 метри на СП во Пекинг. 

Спринтерот од Јамајка беше многу побрз од големиот конкурент  Џастин Гетлин кој го следеше само во првите 100 метри и  го освои сребрениот медал. 
Времето на победникот изнесуваше 19.95  секунди. Брензениот медал му припадна на  Анасо Јободвана од Јужна Африка.