Фудбал
13. December 2016 - 0:32

Златна топка: По 4. пат Роналдо

Кристијано Роналдо ја освои „Златната топка“ која France Football му ја доделува на најдобриот играч во светот. Португалецот во 2016 година ја освои Лигата на шампионите со Реал и Европското првенство со Португалија.
Кристијано Роналдо четврти пат во кариерата ја освои „Златната топка“, претходно оваа престижна награда ја освојуваше во 2008, 2013 и 2014 година.
 
Роналдо има една „Златна топка“ помалку од Лионел Меси. Овој тандем ја освои секоја „Златна топка“ од 2008 година досега.
 
На свечената церемонија во Париз, Роналдо не беше присутен, бидејќи со Реал замина за Јапонија каде ќе настапи на Светското клупско првенство. Наградата на Португалецот ќе му биде врачена на 19. декември.