Спорт плус
10. March 2018 - 19:14

Златен глобус во слалом за Шифрин

По триумфот во генералниот пласман во СК по вторпат во кариерата , Микаела Шифрин успеа на последната трка да го освои и златниот глобус во слалом со 11-тата победа во Офтершванг. 
Во драматична трка Шифрин успеа да оствари предност по  првата трка од 46 стотинки но притисок направи Венди Холденер која одлично ја возеше втората трка и се доближи на само 9 стотинки. 
Сепак Американката одлично се снајде и на крајот  успеа да триумфира со што ја потврди доминацијата во алпското скијање откако пред само неколку недели освои две титули на Олимпијадата во Пјонгчанг.  Второто место и припадна на Венди Холденер а третото на Петра Влахова. 
Во генералниот пласман во слалом Шифрин има 225 поени предност на една трка до крајот.