Loading Video...
Свет
9. January 2018 - 17:15

Зимските олимписки игри ги затоплија односите меѓу двете Кореи

 

Северенокорејците ќе учествуваат на Зимската олимпијада која ќе одржи идниот месец во Јужна Кореја.  Претсавниците на северкеојексаата и јужнокорејската влада на денешната средба, прва по повеке од две години  договорија и обновување на меѓусебените воени разговори.  Граѓаните на двете земји го поздравија договореното.

-Мислам дека Зимската Олимпијада, која ќе се одржи во Јужна Кореја, претставува  добра можност, да му покажеме  на светот добра слика за нашата нација вели жител на Пјонгјанг.

- Верувам дека овие официјални допломатски разговори можат да резултираат со мир. Странците го гледаат Корејскиот Полуостров како опасно место што е постојано под закана од војна, и се надевам дела  тие грижи нема да станат реалност порача жителка на Сеуч

 Позитивни реакции стигнаа и од Русија и Кина. Средбата се одржа во местото Панмунџом во демилитаризираната зона на границата меѓу двете Кореи.

Го знае ли Доналд Трамп текстот  на американската химна?

Дали Доналд ТРмап  ја знае или  во моментот го заборавил текстот на  американската  химна се прашањата кои се вратат  на социјалните мрежи и во американските медиуми.  Повод за дилемата  е видео снимката направена за време на интонирање на химната пред почетокот на рагби натпревар во Атланта а на која се гледа како првиот човек на САД  се обидува  да ја пее.

Падна снег во најтоплата пустина на светот

Падна снег  во  делови на најтоплата пустина на светот, Сахара.  Но снежната порквика од 40 сантиметри не се задржала долго поради високата  температура. Инаку  ова е четврти пат во пустината да падне снег во последните 37 години.