Свет
29. November 2016 - 9:21

Зимата стигна во пустина: Снег ја прекри песокта во Саудиска Арабија!

Во централниот дел на Саудиска Арабија и градот Шакра како и во северозападниот град Табук, тенок слој снег ја прекри песокта во пустината.

Во Табардџалу температурата достигнала -3 степени, а во северната покраина Ал Киријат, температурата изнесувала -1 степен.

Според порталот Ал Арабија, речиси нереални слики доаѓаат од ова подрачје.

Снегот накратко предизвикал сообраќаен колапс, а затворени се и неколку главни сообраќајници.