Фудбал
5. January 2016 - 14:30

Зидан пред 6.000 навивачи го одржа првиот тренинг на Реал Мадрид

Новиот тренер на Реал Мадрид Зинедин Зидан на првиот тренинг беше поздравен од околу 6.000 навивачи.
 
Легендарниот Французин вчера ја презема тренерската функција од Рафаел Бенитез.
 
Зидан кој со Реал за време на играчката кариера ги освои сите титули во Шпанија и Европа, доби овации од присутните фанови кои го скандираа неговото име.
 
Како помошник тренер на Карло Анчелоти, Зидан со Реал пред две години ја освои Лигата на шампионите, а до сега самостојно го водеше Б-тимот на Реал.
 
За трикратниот најдобар светски фудбалер ова ќе биде прва тренерска работа со еден професионален тим.