Фудбал
10. January 2018 - 18:27

Зидан најдобар француски тренер за 2017 година

 
 
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е прогласен за најдобар француски стратег за изминатата 2017 година, во изборот кој го направи реномираниот „Франс Фудбал“, 
 
Зидан изминатата година оствари големи резултати со Реал Мадрид, а годината ја заврши со пет освоени трофеи. 
 
Французинот ги предводеше „Кралевите“ до шампионската титула во Шпанија, а веднаш потоа и до европска круна односно триумфираше во Лигата на шампионите. Новата сезона Зидан и Реал ја започнаа со триумф во Суперкупот на УЕФА,одржан во Скопје, а потоа го освоија и Суперкупот на Шпанија. 2017-тата Реал со францускиот стратег ја круниса со триумфот на Светското клупско првенство. 
 
„Среќен сум за наградата. Ова е круна за досегашната работа која ја направивме, не само јас туку и сите во клубот. Се надевам дека ќе се вратиме брзо на победничките патеки“, изјави Зидан.
 
Во последно време неговиот тим игра под очекувањата, а како резултат на таквата игра е заостатокот од дури 16 бодови помалку од лидерот Барселона во трката за титулата во Ла Лига.
 
Инаку за Зидан ова признание е втора индивидуална награда за изминатата 2017 година, откако Французинот беше прогласен и за најдобар тренер во изборот на ФИФА.