-->
-->
ЖРК Вардар по уште еден печат за Ф4 во Будимпешта
-->
Ракометарките на Вардар попладнево го играат реванш дуелот од 1/4 финалето од Лигата на шампионите. Во Скопје ќе гостува данскиот тим Митјиланд, екипа која во првиот дуел во Данска беше поразена од ЖРК Вардар со 28:26.
- Мораме силно да влеземе и на овој натпревар. Митјиланд сака реванш и ќе бидат максимално мотивирани. Наша цел е пласман на завршниот турнир и тоа треба да го постигнеме со победа, истакна Андреа Пенезиќ, која со 81 гол е најефикасниот стрелец во ЛШ.
- Мојата ситуација е подобра. Очекувам во сабота полни трибини и со победа да прославиме пласман во Будимпешта, изјави Андреа Лекиќ.
Натпреварот ЖРК Вардар - Митјиланд почнува во 17:30 часот. На досега одиграните шест натпревари македонскиот првак има пет победи, а Митјиланд една.
Ова за „вардарки“ ќе биде последен натпревар на домашен терен во ЛШ сезонава и ќе се обидат по четврти пат да се пласираат на завршниот турнир во Будимпешта што ќе се игра на 6 и 7.мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино