Ракомет
15. May 2016 - 18:21

ЖРК Вардар очекувано ја одбрани титулата во Купот на Македонија

FOTO: www.sportmedia.mk

 
 
Вардарки ја оправдаа улогата на апсолутен фаворит во мечот со младата екипа на Металург. Уште по првиот дел црвено-црните имаа висока предност изразена со 14 гола разлика 23:8, предност која рутинирано ја одржуваа во текот на вториот дел за на крајот да забележат победа со 39:21.
 
По седум гола за Вардар постигнаа Сања Дамњановиќ и Олга Черноиваненко, додека Андреја Кликовац која беше прогласена за МВП на завршниот турнир финалниот меч го заврши со шест погодоци.
За ЖРК Вардар ова беше трет триумф во низа, а вкупно четврти трофеј освоен во националниот куп, во кој четири триумфи има и екипата на Металург. 
 
Потсетување дека вчера во Охрид се одигра и машкото финале во кое вардаровите ракометари беа подобри од ракометарите на Металург.