Ракомет
24. October 2015 - 18:38

ЖРК Металург избори пласман во 3.коло на КПК

Ракометарките на ЖРК Металург и во реваншот од 2.коло на Купот на победниците на куповите забележа победа во дуелот со холандската екипа Вестфриланд. Попладнево во Автокоманда Металург славеше со 33:26 со што избраничките на тренерот Александар Петровски ја потврдија победата од пред седум дена во Холандија (24:23).

Од самиот почеток на дуелот ЖРК Металург најави дека е подготвен за победа и предноста постојано ја зголемуваше од 9:2; 13:3 и 18:4.
Во вториот дел домашниот тим само ја задржа високата предност. Најефикасна во редовите на Металург беше Дајана Јовановска со 10 голови, а ја следеа Стојановска, Белевска и Саздова со по четири голови
Во следното коло ЖРК Металург ќе игра против данската екипа Холстебро, која последниве неколку години двапати го освојуваше ЕХФ купот.