Џет-Сет
22. January 2017 - 16:43

Животот на Милица доби сосема нов тек: И понудиле 200.000 долари за невиноста?

 
Откако фотографиите на нејзините голи гради осамнаа во светските медиуми, животот на поп-пејачката Милица Павловиќ доби сосема нов тек. Имено, медиумите неодамна пренесоа вест дека згодната пејачка е наводно невина, па таа вест на Кинезот Занг му даде идеја да и’ понуди 200.000 долари за тој да и’ ја „одземе“.
 
-Здраво, Милице. Слушнав за тебе бидејќи за тебе се пишува и во Кина. Воодушевен сум колку си секси. Она што посебно ме заинтригира е фактот што толку долго време ја чуваш невиноста, те пронајдов на Инстаграм, и бидејќи ми се допаднаа твоите фотографии, ти нудам 200.000 долари за една ноќ со тебе. Не сакам да те навредам, но те молам да ја прифатиш мојата понуда. Го очекувам твојот одговор. Голем поздрав од Шангај, стои во пораката на богатиот Кинез, пренесоа српските медиуми.
 
 
 
На ваквата порака убавата пејачка одговара:
 
-Мојот тим ми ја покажа пораката. Што да кажам, слатко се изнасмеав и верувам дека се работи за шега. Луѓето на социјалните мрежи имаат слобода да напишат се’ што сакаат, често пати коментарите ја надминуваат границата на пристојност, па научив таквите работи целосно да ги игнорирам, вели Милица, додавајќи:
 
-Се разбира дека никогаш не би прифатила непристојна понуда, каква и да е и од кого и да доаѓа. Сите што ме знаат ќе речат дека сум горда личност, мене ми е испод честа воопшто да одговорам на таквите пораки.