Македонија
12. September 2017 - 16:19

Живот на маргините - мајка со тежок инвалидитет и 25 - годишна ќерка на работ на егзистенција

Прилепчанката Атина има само 48 години, а веќе 8 години не ја видела виделината на денот, ниту пак  излегла на улица. Таа е тежок инвалид со две ампутирани нозе.

Нејзиното очајно секојдневие се одвива во неколуте квадрати изнајмен простор кој личи на се, само не на пристојно место за живеење, бидејќи таа тука и јаде, и спие, а и ги изврешува физиолошките потреби.

Атина живее со својата 25-годишна ќерка, без чија помош, како што раскажува самата, нејзиниот живот би бил невозможен. Вели, најмногу и е жал за девојката, која е невработена, но, немоќна е било што да промени, заради што и смета дека во моментов помошта од сите хумани луѓе им е повеќе од потребна.

Државата се оддолжува со овие две жени, односно, редовно го добиваат она што им следува, но, Атина вели дека тоа е премалку, бидејќи ним се им недостасува: и дом, и храна, и облека, а немаат ниту инвалидска количка, што дополнително им ја отежнува и онака очајна состојба.

Со искрена надеж дека хуманите луѓе ќе им излезат во пресрет на овие две очајни жени и ќе им помогнат со: храна, облека, стан или, пак со вработување за ќерката Серџан, ги оставивме со голема љубов да ги хранат двете кучиња, кои во изминатите осум години се најголемата утеха на  Атина.