-->
-->
Живеел три години во јавно WC - Местото било уредно, но од ова ќе се згрозите
-->
Јапонската полиција пронашла човек, кој живеел во јавен тоалет повеќе од 3 години. 54-годишниот човек бил разоткриен дури кога електричарите го забележале од таванот. Веднаш ѝ јавиле на полицијата, која го уапсила бездомникот.
Тој изјавил дека своето родно место го напуштил пред 10 години и после тоа живеел на разни места. Меѓутоа, веднаш се заљубил во јавниот тоалет среде парк и се доселил таму кога неговиот претходник го напуштил местото. Вели дека го привлекла тишината и мирот.
Тој живеел на таванот од тоалетот, но на полицијата ѝ е нејасно како открил дека воопшто постои таван.Местото било уредно и чисто, а внатре било пронајдено многу гардероба, мала плинска боца, електричен грејач.
Но, покрај сето тоа постои и нешто што ја крши сликата на спокој. Бездомникот живеел во тоалет, но не го користел. Полицијата во „дворецот“ на бездомникот пронашла 300 големи и 500 помали шишиња со урина.
По овој случај, полицијата ги пребарала сите јавни тоалети во градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење