Балкан
26. July 2017 - 9:21

Живеат втор живот: Три лица „за влакно" избегнаа смрт во сообраќајка на Крф

Видео со трилер сцена од грчкиот Крф при што тројца млади за секунда ја избегнаа смртта стана хит на социјалните мрежи.

Имено, на видеото се гледа како тие седат на тротоар пред една продавница во Сидарија на Крф, кога сосем неочекувано еден автомобил скршнува од патот и влетува во продавницата.

Вистинско чудо е како момчињата го избегнуваат возилото.

Триесет и шестогодишниот возач е полесно повреден при несреќата, а како што наведуваат полициските извештаи, тој бил и под дејство на алкохол.