Македонија
21. March 2017 - 14:42

Жителка на кичевското село Бачишта нападната од куче скитник

Педесет и седумгодишна Љ.Б. од с. Бачишта, Кичевско вчера била нападната од куче скитник кое и нанело повреда во пределот на десната рака.

МВР соопшти дека повредена е пренесена во Медицински центар Кичево, каде и била укажана лекарска помош, биле констатирани телесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот