Македонија
6. October 2015 - 17:19

Жителите на Струмица: Заев наместо да дели памет да дојде и да ги асфалтира улиците

Зоран Заев уште е градоначалник на Струмица и наместо да мудрува и да дели памет  во  Скопје треба да дојде и да ги асфалтира улиците тука, порачаа дел од жителите на улицата Бетовенова во таканареченото турско маало во Струумица. Тие се револтирани од струмичкиот градоначалник затоа што и после три мандати не го исполнил ветувањето за асфалтирање на улицата Бетовенова  на која како што велат жителите се живеело како во средниот век.

,, Заев ти си уште градоначалник на Струмица. Додека мудруваш во Скопје дојди да ја асфалтираш нашава улица за која не лажеш три мандати дека ќе ја средиш. Ние не бараме со гранитни плочи да се покрие како што ќе се направи во Скопје,  доволно е асфалт да ставиш.

Додека Заев дели памет во Скопје нека дојде тука во општината каде три мандати е градоначалник и нека ни ја направи улицата. Заев за Струмица те плаќаме да бидеш градоначалник. Овде се живее како во среден век. Улици полни со кал, без асфалт, без тротоар.,, рече Абди Демиров – жител на улица Бетовенова

Жителите од Бетовенова го прашаа градоначалникот како може неовата улица да биде асфалтирана а тие да газат во кал без асфалт.

,, Заев како може неовото место каде што седи да е асфалтирано и убаво, а тука во маалото кога иде за гласање вика моја маала. Не ли му  е срам што вика моја маала, да му е срам, а ако не е способен за градоначалник, нека си даде оставка и нека оди во Муртино.,, рече Фатиме Сулеманова – жител на улица Бетовенова

Жителите од улицата Бетовенова го потсетија градоначалникот Заев дека зема плата од сите струмичани и затоа му порачаа наместо да се кити во Скопје да дојде во неговата општина и да си ја заврши работата.