Македонија
4. July 2015 - 17:02

Жителите на Росоман ќе добијат квалитетна вода за пиење

Жителите на општина Росоман ќе добијат квалитетна вода за пиење. Локалната самоуправа гради два резервоара кои ќе се приклучат на водоводниот систем Лукар. Ова ќе овозможи значително поголем проток на вода во снабдителната мрежа.

- Од 150 м/3 имаме нови 400 кои во исто време ќе бидат тука. Ова ќе значи дека 24 часа непрекинато снабдување со вода но и со притисок до најгорните зони во Росоман, вели Стојанче Лазов, Градоначалник на општина Росоман.

Капацитетот на резервоарите дозволува освен Росоман, на системот да се приклучат селата Рибарци и Манастирец. Водоснабдувањето ќе се одвива по природен пат.

- Ако ни дозволат условите односно водата по слободен пат да оди до село Паликура, ќе дозволиме и ќе направиме Се со проекти и ова село да се поврзе на овој водовод, вели Лазов.

Изградбата на двата резервоара чини скоро 70 илјади евра. Парите се обезбедени преку Светската Банка за обнова и развој на руралните средини.