Жителите на Косово в недела бираат органи на локалната власт
Речиси 1,9 милиони жители на Косово в недела ќе гласаат за избор на нови органи на локалната самоуправа.
Едномесечната предизборна кампања завршува денеска на полноќ, кога почнува изборниот молк за локланите избори.
На изборите учествуваат 91 политички субјект, вклучувајќи една коалиција, 35 политички партии, 30 граѓански иницијативи и 25 независни кандидати.
Во 38 општини во трката за градоначалници се вкупно 204 кандидати, додека за членови на општинските собранија ќе се борат 6.887 кандидати. Меѓу кандидатите на изборите се и тројца актуелни министри и 11 пратеници.
Според косовската Централна изборна комисија во единствениот избрачки список се запишани 1.890.952 лица со право на глас или 18.011 повеќе споредено со предвремените парламентарни избори одржани на 11 јуни годинава.
Гласањето на косовската дијаспора почна завчера и завршува денеска.
- За гласање се пријавија околу 10.500 наши граѓани кои живеат и работат во странство. Гласањето почна на 18 октомври и треба да завршина на 20 октомври. Заклучно со овој ден треба да прстигнат гласачките ливчиња, изјави портпаролот на Комиисјата, Валмир Елези.
Организирањето на изборите косовскиот Буџет ќе го чинат шест, односно 10 милиони евра, во зависност од тоа дали ќе има втор круг на гласање.
- Доколку се се реши во првиот круг изборите ќе чинат шест милиони евра. Ако пак има втор круг на гласање, тогаш изборите ќе чинат 10 милиони евра, соопшти Централната изборна комисија.
На последните локални избори од 38 општини дури во 25 беше спроведен втор круг на гласање.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо