Живот
21. October 2017 - 22:08

Жителите на Карлсруе во потрага по „чудовиштето“ што им ги напаѓа лебедите

Локалните власти во германскиот град Карлсруе решија да испразнат езеро во обид да откријат кое е таинственто животно што ги убива лебедите.

Со месеци жителите Етинген кај Карлсруе трагаат по „чудовиштето од Хорнбашзе“, како што го викаат напаѓачот на лебедите. Се претпоставува дека се работ иза голем сом или некој друг вид на риба. Стотици граѓани денеска се собраа да помогнат во потрагата, јави новинската агенција ДПА, и досега биле пронадени неколку помали слатководни риби-грабливци, но потрагата по „чудовиштето“ се уште не е завршена.