Македонија
24. November 2017 - 13:47

Жител на Илинден физички нападнат од две лица

Триесетгодишен жител на скопската општина Илинден вчера пријавил во полиција дека после полноќ позади Домот на културата во таа населба бил пресретнат и физички нападнат од страна на две непознати лица.

МВР информира дека едното лице со нож замавнало и го удрило во пределот на градите, а другото лице одзади го удрило со остар предмет во грбот и му нанеле повреди. После тоа, сторителите избегале во непознат правец. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.