Живот
15. November 2016 - 11:39

Жирито во солзи и едногласно: Тој е победникот на „Пинкови ѕвездички“

Највпечатливиот настап во осмата епизода на талент шоуто „Пинкови ѕвездички“ го имаше Тодор Китановиќ кој сјајно ја изведе песната „Адио“ и ги расплака речиси сите во студиото.
 
По претставувањето на Тодор, Гоца Тржан не можеше да ги задржи солзите, членовите на жирито на глас констатираа дека Китановиќ е сигурен суперфиналист на натпреварувањето, а многумина сметаат дека во иднина ќе биде и новиот победник на „Пинкови ѕвездички“.